(ФОТО) Општина Василево со свои претставници во Радовската коњаница

Општина Василево и годинава има свои претставници во Радовската коњаница, кои пред заминувањето за славното Крушево на одбележувањето на Илинден беа примени од градоначалникот на општина Василево Славе Андонов. Љупче Атанасов од Василево, Кире Гонев од Пиперево и Климе Наков од Чанаклија се тројцата Василевчани кои на Илинден, заедно со останатите јавачи од Здружение на граѓани „Илинден – Радово“ ќе им оддадат почит на славните Илинденци. [facebook_post url="https://www.facebook.com/o.vasilevo/posts/pfbid0ZRXtVC3ef8ciyjbEpifKTiFtH5qiNvT1322XQchQAHuskgtdoKvo2GYJu1T64EDzl"] „Горди сме што годинава Општина Василево има свои претставници во Радовската коњаница. Илинден е длабоко вкоренет во нашата традиција и претставува симбол на непокорот, слободољубивиот дух и жртвата на бројните македонски јунаци кои ги положиле своите животи за Македонија. Радовската коњаница е симболично оддавање почит кон сите војводи и комити – знајни и незнајни, кои се бореле за слободата на нашата татковина. Во време кога е особено важно да ги чуваме нашите национални вредности, наша должност е да ја негуваме традицијата, да ја почитуваме историјата и со гордост да ја пренесуваме љубовта кон Македонија на идните генерации“, стои во информацијата споделена од градоначалникот на општина Василево,


