klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ФОТО: Општина Илинден инвестира во современа механизација и професионална опрема за поефикасни комунални услуги

ФОТО: Општина Илинден инвестира во современа механизација и професионална опрема за поефикасни комунални услуги
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·15. 07. 2026. 09:17:51

Општина Илинден, продолжува со инвестиции во нова современа механизација и професионална опрема, со цел унапредување на квалитетот на комуналните услуги, подобрување на условите за работа на вработените и поефикасно одржување на јавните површини и инфраструктурата. Во таа насока, во изминатиот период, за потребите на Јавното комунално претпријатие „Илинден“, набавени се батериски коси – тримери, батериска телескопска пила за сечење гранки со додаток за кастрење жива ограда, батериска дувалка, батериска косилка, како и батерии и полначи. Со оваа инвестиција постепено се заменува дел од бензинската механизација со еколошки и енергетски поефикасни алати, кои не испуштаат штетни емисии, имаат значително пониско ниво на бучава и не бараат употреба на гориво и масла. На тој начин се придонесува кон заштита на животната средина, но и кон намалување на трошоците за одржување на опремата. Во рамки на набавката обезбедена е и професионална машина за чистење подови, која ќе се користи за одржување на спортската сала. Со оглед дека салата е во фаза на реновирање, новата машина ќе овозможи поефикасно одржување на подната површина, повисоко ниво на хигиена и подобри услови за користење на спортскиот објект, истовремено олеснувајќи ја работата на вработените. Дополнително, набавена е и професионална опрема за обработка и заварување на метал, која…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti