klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

ФОТО: Најпозната топка во историјата на фудбалот повторно на аукција

ФОТО: Најпозната топка во историјата на фудбалот повторно на аукција
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·15. 07. 2026. 08:43:52

Веројатно најпознатата топка во историјата на фудбалот повторно ќе биде ставена на аукција, јавија денеска американските медиуми. Станува збор за топката со која беше одигран натпреварот меѓу Аргентина и Англија во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година, кога Аргентинците победија со 2-1 со двата гола на легендарниот Диего Марадона, првиот познат како „Божјата рака“, а вториот прогласен за гол на векот. „Оваа топка беше сведок на најпознатата контроверзност и најпознатото ремек-дело во историјата на фудбалот“, објави американската аукциска куќа „Херитиџ аукшнс“ со седиште во Далас. повеќе фотографии може да погледнете ТУКА Аукцијата ќе се одржи од 21 до 23 август. Почетната цена е 2,5 милиони долари, а топката се очекува да достигне цена од најмалку десет милиони долари. Топката од натпреварот Аргентина-Англија со децении беше во посед на Тунижанецот Али Бин Насер, кој беше главен судија на четвртфиналето во Мексико Сити и ја задржа топката по натпреварот. Со независна експертиза подоцна беа потврдени неговите тврдења дека станува збор за оригиналната топка со која Марадона ѝ ја донесе победата над Англија. Во 2022 година, топката беше продадена на аукција во Лондон за 2,3 милиони евра.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti