(ФОТО) На 83 години сè уште вљубен до уши: Свршеницата на Мик Џегер објави фотографија што сите ја коментираат

Свршеницата на Мик Џегер, Мелани Хемрик, сподели емотивна објава по повод 83. роденден на легендарниот музичар. Славниот рокер Мик Џегер го прослави својот 83. роденден, а по тој повод на социјалните мрежи се огласи и неговата 44 години помлада свршеница, Мелани Хемрик. Мелани на Инстаграм објави роденденска честитка придружена со ретка семејна фотографија, на која позира заедно со 83-годишниот музичар и нивниот деветгодишен син. Фотографијата е направена за време на нивниот неодамнешен семеен одмор. „Среќен роденден, љубов моја! За уште многу авантури, смеа и забава“, напиша 39-годишната Мелани во описот на објавата. Џегер и Хемрик се запознале во 2014 година. По две години врска, во 2016 година го добија синот, кој е осмо дете на легендарниот музичар. Иако со години се шпекулираше дека се свршени, тоа беше официјално потврдено дури во април 2025 година, кога Хемрик во интервју за францускиот магазин „Paris Match“ откри дека таа и Џегер се „свршени веќе две или три години“. Нивната голема разлика во годините често беше тема на јавни дебати, но Мелани во повеќе интервјуа истакна дека одамна престанала да обрнува внимание на мислењата на другите.


