klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

ФОТО: Леброн Џејмс потпиша за Филаделфија, ја избра „23“

ФОТО: Леброн Џејмс потпиша за Филаделфија, ја избра „23“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·27. 07. 2026. 19:02:42

Филаделфија 76 официјално го потврди доаѓањето на Леброн Џејмс со објава на фотографија на социјалните мрежи и на тој начин нема веќе дилема и кој број на дрес ќе има легендата на НБА лигата. Тој ќе настапува со бројот 23. Џејмс така ќе го носи бројот со кој настапуваше на почетокот на својата кариера во Кливленд, како и подоцна во ЛА Лејкерс. Единствено за време на настапот во Мајами го имаше дресот со број 6. Леброн Џејмс во Филаделфија ќе ја игра својата рекордна 24. сезона во НБА лигата, во обид да стигне до уште една титула. Тој досега има четири НБА титули со трите екипи каде настапуваше.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti