klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

ФОТО: Клековски ги посети пациентите со трансплантиран бубрег: Благодарност до дарителите и нивните семејства

ФОТО: Клековски ги посети пациентите со трансплантиран бубрег: Благодарност до дарителите и нивните семејства
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·22. 10. 2026. 11:29:38

Министерот за здравство Сашо Клековски, денеска на Универзитетската клиника за урологија ги посети пациентите на кои неодамна им беше трансплантиран бубрег, двајца од починат дарител и трет од жив дарител. При посетата, министерот Клековски беше придружуван од националната координаторка за трансплантација проф. д-р Билјана Кузмановска, директорот на Универзитетската клиника за урологија д-р Башким Шабани и директорот на Универзитетската клиника за нефрологија д-р Никола Ѓорѓиевски. -Најголемата благодарност му ја должиме на семејството на починатиот дарител. Во најтешкиот момент, тие донесоа одлука која на двајца наши сограѓани им враќа живот без дијализа. Тоа е чин на исклучителна хуманост, за кој нема доволно зборови. Благодарност и до живот дарител, кој дел од себе им подари на своите најблиски, изјави Клековски. Министерот изрази благодарност и до медицинските тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за нефрологија, како и до сите вклучени во процесот на координација на дарувањето. Со овие три трансплантации, годинава на Универзитетската клиника за урологија се изведени вкупно 15 трансплантации на бубрег, во споредба со 11 во цела 2025 година. До крајот на годинава се планирани уште три трансплантации од жив дарител. -Секоја трансплантација е резултат на доверба, тимска работа и посветеност. Продолжуваме да ја зајакнуваме мрежата за трансплантација и да ја…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti