klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ФОТО: Илјадници посетители го прославија Илинден во Дојран, со почит кон Св. Илија и традицијата

ФОТО: Илјадници посетители го прославија Илинден во Дојран, со почит кон Св. Илија и традицијата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·02. 08. 2026. 12:22:30

Илјадници посетители денеска го чествуваа големиот македонски национален празник 2 Август – Илинден во Дојран, истовремено оддавајќи почит на заштитникот на градот, светиот пророк Илија. Градот пречека туристи од повеќе места од земјава, а дојранчани за кои празникот има посебно значење си посакаа меѓу себе желби за благосостојба, напредок на местото каде живеат и мир во семејствата и меѓу најблиските. Чествувувањето на празникот започна со света божествена литургија во храмот посветен на Св. Илија во Стар Дојран, каде во текот на целиот ден доаѓаа верниците да се поклонат и помолат на нивниот заштитник. На крајот од свечената литургија парохискиот свештеник им порача на верниците секогаш да му се молат на пророкот Илија за нивниот град Дојран да биде уште поубаво место. На литургијата присуствуваше и градоначалникот на Дојран, Илија Тентов, кој истакна дека за него празникот има посебно значење, бидејќи го смета светителот за свој личен заштитник. - Нека празничниот дух ни биде поттик за поголема меѓусебна почит, солидарност и заедничка работа за доброто на нашиот Дојран и на нашата татковина. Да ги чуваме традицијата, духовното наследство и историските вредности, пренесувајќи ги на идните генерации со гордост и одговорност, им порача на граѓаните градоначалникот Тентов во своето обраќање. Почит кон…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti