ФОТО: Граната тешка 45 килограми пронајдена во Вардар кај Неготино

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираше интервенција за безбедно отстранување неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми, од Првата светска војна. Oпасната граната беше пронајдена во атарот на селото Пепелиште, Општина Неготино. -Поради непристапниот терен и локација на неексплодираното убојно средство во коритото на реката Вардар, интервенцијата беше реализирана во сложени услови. Со логистичка поддршка од Територијалната противпожарна единица - ТППЕ Неготино, којашто обезбеди чамец за пристап до локацијата, а пиротехничарот на ДЗС, Ѓорѓи Стефанов, безбедно ја извлече гранатата, по што таа беше транспортирана и обезбедена до нејзиното конечно уништување на Армискиот полигон „Криволак“, информираат од ДЗС. ДЗС упати благодарност до ТППЕ Неготино за професионалната соработка и навремената поддршка, а истовремено апелира до граѓаните ако пронајдат и забележат сомнителни експлозивни средства, да не ги допираат и поместуваат, туку веднаш да ги пријават на единствениот повикувачки бесплатен број за итни случаи 112.
Povezane vijesti

LIJEPI STRAH: Za 24 sata Tužilaštvu poslano 309 krivičnih prijava, negatori genocida brišu i objave i profile društvenih mreža

Иран: Немаме планови за преговори, остануваме фокусирани на одбраната од американските напади
