ФОТО Етички кодекс за однесување на пратениците промовиран во Собранието

Почеток на воспоставување нов стандард во парламентарниот живот, а не завршување на еден процес е усвојувањето на Кодексот за етичко однесување на пратениците, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши, на промоцијата на документот кој претходно беше донесен од пратениците. Пред пратениците и претставници на меѓународната заедница, Гаши истакна дека долговечноста на демократијата ја гарантираат меѓусебната почит, одговорноста и свеста дека пратеничкиот мандат не е привилегија, туку доверба што ја даваат граѓаните. Порача дека кодексот не смее да остане архивски материјал, туку да се прифати како заедничка обврска. - Овој Кодекс, пред сè, претставува морален договор што пратениците го склучуваат меѓу себе и со граѓаните што ги претставуваат. Јавниот интерес секогаш да биде над личниот интерес; политичката дебата да се води врз основа на аргументи, а не на навреди; политичките разлики да не се претвораат во лични непријателства; а достоинството на Собранието секојдневно да се штити со одговорност и посветеност. Како претседател на Собранието и како предлагач, усвојувањето на овој Кодекс го сметам за една од најзначајните заложби на овој мандат. Не затоа што има цел да го реши секој проблем, туку затоа што верувам дека секоја трајна промена започнува со одлуката да се промениме самите себеси во културата на дејствување…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Sedam dana stranačkog posta: Elek vaskrse, vaistinu Elek vaskrse?
