klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ФОТО: Екипи на „Комунална хигиена“ на терен, се расчистуваат последиците од вчерашното невреме

ФОТО: Екипи на „Комунална хигиена“ на терен, се расчистуваат последиците од вчерашното невреме
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·22. 07. 2026. 07:28:53

Во текот на вчерашната ноќ и утринава, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што вчера го зафатија градот. -Во координација со Градот Скопје, екипите на претпријатието реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. Се реализираат рачно и машинско метење и миење, а екипите на Претпријатието се ангажирани и за повторно поставување на садовите за одлагање на отпадот што беа изместени во текот на невремето, информираат од ЈП Комунална хигиена. Активностите ќе продолжат во текот на целиот ден, во насока на целосно санирање на последиците од невремето.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti