klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

ФОТО: Ѕирнете во новата сезона на „Емили во Париз“ – познат датумот на емитување

ФОТО: Ѕирнете во новата сезона на „Емили во Париз“ – познат датумот на емитување
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·26. 08. 2026. 19:16:00

Шестата сезона на „Емили во Париз“, ќе биде последната од оваа серија на Нетфликс која ги освои срцата на вљубениците во модата, заплетите и љубовните игри. Од компанијата Нетфликс објавија фотографии од новата сезона која на стриминг платформата ќе биде достапна на 24 декември. -Конечно е тука. Кажете „bonjour“ на првиот поглед во „Емили во Париз“, шеста сезона која ќе се емитува на 24 декември, објави Нетфликс. [facebook_post url="https://www.facebook.com/NetflixUK/posts/pfbid02cYHvQ2Td6dyLkANruEiDafjZC2raoimWUhdCLnTRExXY2bUoEPJC2sqdurxRocv5l"] Шестата сезона од популарната серија на Нетфликс „Емили во Париз“ носи значајни промени во локациите за снимање, бидејќи дејството се сели од претходните европски градови на две нови, атрактивни дестинации – Грција и Монако. Овие локации означуваат продолжување на трендот на проширување на заплетот надвор од Париз, откако претходната сезона делумно беше сместена во Италија. Се шпекулира дека заплетот се гради врз настаните од петтата сезона, особено односот меѓу главните ликови Емили и Габриел. Во финалето од претходната сезона, Габриел ја поканува Емили да му се придружи во Грција, што отвора простор за развој на нивната приказна на таа локација. Освен во Грција, важен дел од новата сезона ќе се одвива и во Монако, познат по својот луксуз и гламур, со што серијата продолжува да ја негува препознатливата естетика на богатите…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti