klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

(ФОТО) Џинот Boeing 777 – најголемиот двомоторен патнички авион во светот привлече внимание

(ФОТО) Џинот Boeing 777 – најголемиот двомоторен патнички авион во светот привлече внимание
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·23. 07. 2026. 18:26:09

Меѓународниот Аеродром Скопје, каде слета авион од типот Boeing 777, еден од најголемите и најпрепознатливите патнички авиони во светот. Boeing 777 важи за најголемиот двомоторен широкотрупен патнички авион, кој се користи за долги меѓународни летови и може да превезува меѓу 300 и повеќе од 500 патници, во зависност од конфигурацијата на кабината. Овој модел е препознатлив по своите големи димензии, распонот на крилјата и моќните мотори, а воедно е и еден од најсигурните и најексплоатираните авиони во светската цивилна авијација. Во употреба е од средината на 90-тите години и го користат бројни водечки авиокомпании ширум светот. Слетувањето на ваков авион на скопскиот аеродром секогаш предизвикува интерес кај патниците, љубителите на авијацијата и авионските ентузијасти, бидејќи Boeing 777 не е редовен посетител на аеродромот во главниот град. Засега нема официјални информации за причината за неговото пристигнување, ниту за тоа дали станува збор за чартер-лет, специјален лет или техничко слетување. Фотографиите од авионот брзо се проширија на социјалните мрежи, каде привлекоа големо внимание поради импресивните димензии на леталото.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti