ФОТО: Бали бег повеќе не изгледа исто, папараците го фатија популарниот актер во опуштено издание

Турскиот актер Бурак Оџивит, кој публиката го памети како легендарниот Бали-бег од серијата „Сулејман Величествениот“, со години е познат како еден од најпосакуваните мажи на малите екрани. Неговиот изглед и харизма освоија милиони женски обожаватели, но најновите фотографии од неговиот одмор покажуваат дека дури и еден од најголемите телевизиски заводници се менува со текот на времето. Актерот беше фотографиран од папараците за време на семеен одмор на плажа додека си играше со своите деца. Токму овие опуштени семејни моменти привлекоа внимание, но многумина не го пропуштија фактот дека Оџивит повеќе ја нема истата фигура по која беше познат на врвот на својата слава. View this post on Instagram A post shared by Qafqazinfo2 (@qafqazinfo__az) Фотографиите покажуваат дека актерот се здебелил неколку килограми, а стомакот му е поизразен од порано. Сепак, се чини дека ова воопшто не го загрижува и без двоумење ужива во семејниот одмор со сопругата Фахрије Евџен и нивните синови.


