ФОТО: Анастасија ги воодушеви сите, по породувањето објави фотографии од бременоста која ја држеше во тајност

Анастасија (Ражнатовиќ) Гудељ ги изненади своите следбеници на Инстаграм кога, само неколку дена по раѓањето на синот Илијан, сподели фотографии направени за време на бременоста, кои ги држеше подалеку од очите на јавноста. Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ не сакаше да зборува за бременоста девет месеци, ниту пак објавуваше фотографии на кои се гледа нејзиниот труднички стомак, па затоа тоа го знаеја само блиските луѓе. На фотографиите, Анастасија може да се види во опуштена облека со изразен труднички стомак, додека во некои моменти е во друштво на нејзиниот сопруг Немања Гудељ. Двојката не ги симнуваше насмевките од лицата, а нежните снимки сведочат за тоа колку уживале чекајќи го доаѓањето на наследникот. View this post on Instagram A post shared by Anastasija Gudelj (@raznatovicanastasija) Дури по раѓањето на нејзиниот син, Анастасија одлучи да ги сподели со јавноста спомените од најубавиот период од својот живот и да покаже како изгледала за време на бременоста, која успешно ја криеше до самиот крај. Објавата собра голем број лајкови и коментари за кратко време, а следбениците ѝ испратија бројни честитки и комплименти, истакнувајќи дека таа блескала во бременоста.


