klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ФОТО: Акција за отстранување на хаварисани возила низ Карпош

ФОТО: Акција за отстранување на хаварисани возила низ Карпош
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·25. 08. 2026. 17:30:02

Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Од Општината информираат дека акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка. Целта на оваа иницијатива е ослободување на јавните површини, како и подобрување на квалитетот на здравата животна средина. Општина Карпош апелира на совесно однесување на граѓаните, во насока на заедничко дејствување за почист Карпош.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti