ФОТО: Адријана „Кеш“ кажа „ДА“, Дино со оригинално запросување

Она што требало да биде обичен летен одмор, се претвори во момент што засекогаш ќе ѝ го промени животот на македонската фолк-пејачка Адријана Ацевска попозната како Адријана „Кеш“. Сонцето, морето и романтичната атмосфера во Неа Флогита беа само вовед во изненадувањето кое не го очекувала. Нејзиниот неколкугодишен партнер Дино Филипов – Македонец кој живее и успешно работи во Сплит, на нивната романса решил да и стави и официјален печат и тоа на многу несекојдневен начин. Иако многумина помислија дека романтичното „ДА“ се случило на плажа во познатото грчко летувалиште, вистинската приказна е уште понеобична. Дино решил да не биде „како сите“, па свршеничкиот прстен го извадил додека двајцата се возеле со автомобил кон Македонија и со него ја побарал пејачката за жена. Само еден ден претходно Адријана се вратила од летување во Шпанија преку Тирана, каде што Дино ја чекал на аеродром. Наместо обично враќање дома, патувањето се претворило во момент што ќе го памети целиот живот. По запросувањето пристигнале во Скопје, а веќе следниот ден заминале на романтичен одмор во Неа Флогита, каде што ги направија и фотографиите со кои ја изненадија јавноста. „Кажав ДА… Во овој живот и секој нареден“, објави Адријана.
Povezane vijesti

НЕ ОТВОРАЈТЕ ЛАЖНИ ПОРАКИ ИСПРАТЕНИ ВО ИМЕ НА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“, вистинските стигаат од MVR-SC

Скопјанка пријавила напад од роднина по недоразбирање околу имот
