klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Формула 1 го казни шампионот Ландо Норис

Формула 1 го казни шампионот Ландо Норис
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·17. 07. 2026. 15:55:42

Возачот во Формула 1 Ландо Норис, ќе стартува 10 места пониско од неговиот квалификациски резултат за Големата награда на Белгија, објавија британските медиуми. Норис бил казнет откако неговиот тим инсталирал четврта електронска единица на погонскиот склоп, надминувајќи го бројот на компоненти дозволени за оваа сезона. Мекларен процени дека патеката Спа-Франкоршан е најдоброто место за да се изрече казната, бидејќи престигнувањето таму не е толку тешко, додека тимот планира да воведе големи аеродинамични подобрувања од следните трки. Тимот очекува четвртата единица да се користи до крајот на сезоната за да се избегнат дополнителни казни. Мекларен ќе користи и ново задно крило во Белгија, прилагодено на карактеристиките на брзата патека во Спа-Франкоршан. За разлика од некои конкуренти, новиот дизајн има класичен систем за отворање со ДРС.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti