klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Фискалната дисциплина и домаќинското управување се темел на стабилна економија и намален јавен долг

Фискалната дисциплина и домаќинското управување се темел на стабилна економија и намален јавен долг
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·07. 08. 2026. 07:12:03

Македонската економија бележи позитивен развој како резултат на политиките кои се насочени кон одговорно управување, рационално трошење и заштита на интересите на граѓаните. Домаќинското управување со јавните финансии дава резултати и создава основа за стабилна и предвидлива економска средина, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Најновите официјални податоци покажуваат дека јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8 проценти од БДП, што претставува намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал. Во апсолутен износ, јавниот долг е намален за 21 милион евра и изнесува 10.726 милиони евра. Позитивниот тренд е уште поизразен ако се направи споредба со претходниот период. Во однос на крајот на 2024 година, јавниот долг е намален за 2,6 процентни поени, додека споредено со крајот на 2025 година намалувањето изнесува 0,6 проценти, се наведува во соопштението. Овие показатели се потврда дека со одговорен пристап и внимателно управување со ресурсите, државата успева да ја зачува финансиската стабилност и да создава услови за економски развој. Во период кога се сервисираат значајни обврски наследени од минатото, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успева да обезбеди редовно исполнување на финансиските обврски, стабилност на буџетот и истовремено реализација на проекти што имаат директно значење за граѓаните. -Намалувањето на јавниот долг не е само…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti