klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·22. 07. 2026. 10:59:36

Биографски приказни, продолженија на големи франшизи и оригинални блокбастери ја одбележаа првата половина на 2026 година. Некои филмови ги надминаа очекувањата на публиката, а дел од нив постигнаа светски рекорди. Прв на листата е биографскиот филм „Мајкл“, посветен на животот и кариерата на Мајкл Џексон. Филмот ја надмина границата од една милијарда долари заработка ширум светот. Со Џафар Џексон во главната улога, се најде на листата како најуспешен музички биографски филм. И покрај големиот успех филмот не помина без критики. По него е „Повик“, љубовна драма за довербата и проблемите што се појавуваат во долгогодишните врски. Филмот е во режија на Оливија Вајлд. Поради својата комбинираност од драма и комедија филмот привлече големо внимание кај публиката. Актерската екипа ја сочинуваат Сет Роген, Оливија Вајлд, Пенелопе Круз и Едвард Нортон. Како трет филм што постигна голем успех е филмот „Опсесија“, нискобуџетен хорор со заработка над 400 милиони долари, стана едно од најпрофитабилните остварувања направени со мал буџет. Филмот е во режија на Кари Баркер, со Инде Наварете во главната улога. Уште еден голем хит за 2026 година е „Ѓаволот носи Прада 2“, продолжение на популарниот филм од 2006 година. Со заработка од стотици милиони долари на светско ниво, ја зголеми вкупната…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti