klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Филков пред амбасадорите на ЕУ: Најобемниот реформски циклус во правосудството е веќе реалност

Филков пред амбасадорите на ЕУ: Најобемниот реформски циклус во правосудството е веќе реалност
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·30. 06. 2026. 11:39:54

Министерот за правда Игор Филков денеска во Владата на брифинг со амбасадорите ги презентираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во областа на владеењето на правото, реализираните законски реформи и следните чекори во исполнувањето на европските обврски на државата. Во обраќањето, министерот Филков истакна дека Министерството за правда во изминатиот период реализирало најобемен законодавен реформски циклус, со силна динамика, професионален пристап и целосна посветеност на европската агенда. „За помалку од две години подготвивме околу триесет законски решенија, од кои тринаесет се директно поврзани со Реформската агенда. Овој законодавен циклус претставува најобемен реформски процес реализиран од Министерството за правда во толку краток временски период и е јасен доказ за институционалниот капацитет, одговорноста и решителноста со кои се спроведуваат реформите“, истакна министерот Филков. Тој нагласи дека реформите се реализираат во тесна координација со Владата, Европската комисија, експертската јавност и меѓународните партнери, со единствена цел – создавање функционален, ефикасен и европски правосуден систем. Во рамките на четвртото барање за ослободување средства од Реформската агенда, во областа „Владеење на правото“ се следат 17 реформски чекори, при што седум од нив се поврзани со донесување на 13 законски решенија што се во надлежност на Министерството за правда. Министерот информираше дека сите законски решенија се подготвени…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti