klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ФИЛИПЧЕ ВО ПРАШАЛНИЦИ: „Чија е одговорноста за катастрофата со водата за пиење во Гостивар???“

ФИЛИПЧЕ ВО ПРАШАЛНИЦИ: „Чија е одговорноста за катастрофата со водата за пиење во Гостивар???“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·21. 07. 2026. 11:18:45

„Со неколку пакети помош денеска посетивме повеќе семејства на социјално загрозени категории на граѓани“ , изјави денеска од Гостивар „лидерот“ на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска во ролја на Јеховин сведок тропал по вратите на сопартијците од Гостивар во мисија да не пропушти да ја политизира маката на граѓаните, па стокми и популистичка прес-конференција на која „постави“ и неколку прашања до институциите, меѓу кои и „чија е одговорноста за катастрофата со водата за пиење во Гостивар“. Филипче, свесен за нивото на она што го рпави, потсвесно самиот јавно се вадеше дека посетата на Гостивар немала за цел да го политизира прашањето, туку, како што самиот рече, имале за цел да „им помогнат на неколку категории граѓани“. - Очигледно е дека се во прашање елементарните човекови права, граѓански права, а тоа е правото на здравје и во тој контекст е и здрава, питка вода, рече Филипче кажувајќи го она што сите го знаат, „лидер“ кој соочен со внатрешниот раскол и распад во СДС не можеше да ја пропушти шанста да ќари некој глас, или барем, да се обиде. Инаку, тој можеше и сам многу лесно да си го одговори политикантското прашање: „Чија е одговорноста за катастрофата со водата за пиење во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti