Филипче се поднови со Герасимовски: Фани Сорос исчуре, Венко ќе „обединува“ партија во распад

Во уплав од новата Платформа на 28 извикани СДС-овци, Филипче глуми дека обединува и повикува на обединување преку приближување на партијци кои до вчера воопшто не ги есапеше. Ниту тие него. Така е и во најновиот случај кога Венко најави на соц-мрежи дека за нов потпретседател го спрема градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. Филипче пиша на Х: „Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ“, порача „лидерот“ чија столица уште повеќе „се клацка“ откако против него со Платформата „Разговори за иднината во 12:05“, составена од 28 поранешни и актуелни СДС пратеници и функционери, аналитичари и дисиденти вчера јавно и јасно застанаа Игор Ивановски Шема, Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ, Никола Ќуркчиев, Александар Бајдевски, Славјанка Петровска, Сашко Митревски, Моника Зајкова, Ненад Марковиќ, Предраг Трпевски, Звонко Давидовиќ, Валентин Пепељугоски, Љубомир Гајдов, Ивор Мицковски, Милена Стевановиќ, Ема Нешковска, Стојко Пауновски, Костадин Ацевски, Драган Анастасов, Диме Велковски, Коста Начевски, Насе Насев, Бојан Столевски, Митко Андреевски, Милена Цветановска, Сретен Богоевски, Горан Стојковски – Диро, сите со многу поголем стаж во СДС од актуелниот водач. „За промена, барем СДС…


