Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија за да не си ги наруши личните релации со нив

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение упати остри критики кон претседателот на СДС, Венко Филипче, обвинувајќи го дека не го осудил, како што велат, дипломатскиот преседан што го направила Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржела информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на премиерот. Од владејачката партија наведуваат дека Владата континуирано работи на зајакнување на меѓународната позиција на Македонија, економскиот развој и подобрувањето на животниот стандард, додека, според нив, опозицијата дејствува спротивно на државните интереси. Во соопштението се оценува дека во ситуации кога се засегнати националните интереси, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, сите политички чинители треба да застанат во нивна одбрана. „Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека молкот на Филипче, според нив, покажува дека повеќе се грижи за односите со Софија отколку за заштитата на националните позиции. Партијата упатува и низа политички обвинувања кон лидерот на СДС, тврдејќи дека е подготвен да направи нови отстапки во однос на уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот без, како што велат, соодветни гаранции. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека ќе продолжат, како што наведуваат, доследно да ги бранат македонските национални интереси, достоинството и позициите на државата, оценувајќи дека тоа е нивна…
Povezane vijesti

Milatović: Predložio sam Jelenu Ružičić za sudiju Ustavnog suda, njena biografija je rijetka

Dražen Medojević izabran za predsjednika Sudskog savjeta
