Филипче молчи додека Бугарија го загрозува државниот интерес

Објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија е скандал без преседан и директен удар врз безбедноста и достоинството на Македонија. Тоа е сериозен дипломатски скандал и чин кој отвора низа прашања за одговорноста, професионалноста и почитувањето на меѓудржавните односи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Бугарското МНР тврди дека документот е за далечното минато, но без разлика на обидите на бугарското Министерство за надворешни работи да го релативизира случајот со тврдења дека станува збор за информации од подалечно минато, останува фактот дека во објавената нота се содржани конкретни податоци. Токму тоа е суштината на проблемот. Не е прашање дали информациите се од вчера или од пред одреден период, туку како доверлив дипломатски документ, кој содржи чувствителни безбедносни информации, завршил во јавноста, додаваат во денешното соопштение. „Доколку податоците не биле точни, тогаш бугарските власти ќе можеа лесно и недвосмислено да го демантираат нивниот карактер и значење. Наместо извинување, тие се обидуваат вниманието да го префрлат на временската рамка на настаните, избегнувајќи да одговорат на клучното прашање зошто воопшто биле објавени информации што биле дел од доверлива дипломатска комуникација. Бугарија се изјасни но Венко Филипче се уште молчи. Филипче секојдневно зборува за европски вредности, добрососедство и партнерство, но сега молчи и нема ниту еден…
Povezane vijesti

Današnji horoskop: device bo nekdo razjezil, samski strelci boste zelo privlačni
