klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Филаделфија влезе во Топ 4 фаворити за НБА трофејот по доаѓањето на Леброн Џејмс

Филаделфија влезе во Топ 4 фаворити за НБА трофејот по доаѓањето на Леброн Џејмс
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·26. 07. 2026. 08:33:57

Обложувалниците ги ажурираа своите квоти за победник во НБА-лигата сезоната 2026/27 по трансферот на Леброн Џејмс. Во петокот беше објавено дека 41-годишниот кошаркар потпиша договор со Филаделфија. Пред оваа вест, квотите за шампионската титула на Сиксерси беа 21. По објавувањето на неговото доаѓање тие паднаа на 9,5 и Филаделфија сега е четврти фаворит. Само Оклахома Сити, Сан Антонио (по 3,5) и Њујорк (9) имаат поголеми шанси кај букмејкерите. Вреди да се напомене дека пред размената на Џејлен Браун кој во Филаделфија дојде од Бостон на 2 јули, коефициентот за шампионската титула на Филаделфија беше 67. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti