Sport Sjeverna Makedonija
Фил Фоден ќе го продолжи договорот со Манчестер Сити

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·22. 07. 2026. 14:50:02
Фил Фоден потпиша нов четиригодишен договор со Манчестер Сити, со кој ќе остане на „Етихад“ до летото 2030 година. Во текот на летниот преоден рок Фоден се поврзуваше со заминување од клубот, откако минатата сезона го загуби статусот на стандарден првотимец. Милан, Барселона и Галатасарај беа меѓу заинтересираните клубови, но со потпишувањето на новиот договор сите дилеми околу неговата иднина се затворени. Минатата сезона Фоден постигна седум голови и забележа пет асистенции на 33 натпревари во Премиер – лигата, додека една година претходно имаше седум погодоци и две асистенции на 28 првенствени натпревари.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


