klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

ФИФА повторно го прекрши сопствениот протокол: Трамп го доби трофејот во ложата пред финалето

ФИФА повторно го прекрши сопствениот протокол: Трамп го доби трофејот во ложата пред финалето
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·19. 07. 2026. 21:40:28

Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието на финалето на Светското првенство, уште пред почетокот на натпреварот. Американскиот претседател во свечената ложа го прими оригиналниот трофеј на Светското првенство, кој лично му го донесе бразилската фудбалска легенда Роналдо Назарио. Во тој момент покрај нив беше и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Снимките брзо се проширија на социјалните мрежи, а особено внимание предизвика фактот што трофејот беше однесен во претседателската ложа пред официјалната церемонија на теренот. Иако шефовите на држави се меѓу малкуте лица на кои им е дозволено да го допрат трофејот, не е вообичаено тој да биде носен во свечената ложа пред натпреварот. Вообичаено, трофејот има посебна церемонија при внесувањето на теренот, каде што останува под надзор до неговото врачување на новиот светски шампион. Поради тоа, дел од навивачите оценија дека Трамп добил привилегиран третман од страна на ФИФА. Не е првпат Трамп да го држи трофејот Ова не е прв случај американскиот претседател да добие можност да го држи трофејот. При една претходна средба, Инфантино му дозволи да го земе во раце, велејќи му дека трофејот е наменет за победници и дека и тој е победник. Тогаш двајцата дури се пошегуваа дека Трамп би можел да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti