klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

ФИФА подготвува суспензии и казни за сите учесници по финалето на СП

ФИФА подготвува суспензии и казни за сите учесници по финалето на СП
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·23. 07. 2026. 05:18:00

ФИФА отвори дисциплинска истрага против Аргентина, по масовната тепачка што изби веднаш по финалето на СП во кое Шпанија ги совлада „гаучосите“ со 1:0 и ја освои светската титула. Дисциплинската комисија назначи дисциплински и етички обвинител што ќе ги испита сите околности околу инцидентот на стадионот „Мет лајф“, а можно е да следуваат суспензии за играчи и за членови на стручниот штаб, како и парична казна за Аргентинската фудбалска асоцијација. Во центарот на инцидентите беа Науел Молина, Леандро Паредес, Тијаго Алмада и помошникот тренер Роберто Ајала. Според извештаите, Паредес го фатил Ерик Гарсија за вратот, Алмада го оттурнал Гави, а Ајала, исто така, бил вмешан во физичката пресметка. Иако првично беше објавено дека Паредес доби црвен картон, ФИФА подоцна потврди дека исклучувањето било избришано од официјалниот извештај, но тоа не значи дека ќе избегне дисциплинска постапка. Аргентина веќе е предмет на уште една истрага на ФИФА поради политичкиот транспарент „Las Malvinas son Argentinas“, кој го истакнаа играчите по полуфиналната победа над Англија. Селекторот Лионел Скалони се обиде да ја смири ситуацијата, порачувајќи дека неговата репрезентација мора достоинствено да го прифати поразот, но пристигнаа остри критики од англиските легенди Алан Ширер и Џо Харт, кои го оценија однесувањето на аргентинските фудбалери…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti