klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

ФИФА подготвува казни кога ќе заврши СП

ФИФА подготвува казни кога ќе заврши СП
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·14. 07. 2026. 20:59:56

Светската фудбалска куќа (ФИФА) во моментов молчи, зад затворени врати веќе се подготвуваат сериозни санкции за сите оние кои јавно го нарушија угледот на судиската организација. Според добро упатени извори на реномираниот „The Athletic“, ФИФА намерно чека да заврши турнирот пред да почне со делење на казните. Најжестоките критики досега пристигнаа од таборот на Египет, по нивната елиминација во осминафиналето од Аргентина. Иако имаа предност од 2-0, Египќаните загубија со 2-3, а целата вина ја префрлија врз францускиот судија Франсоа Летексие. Селекторот Хосам Хасан директно обвини за задкулисни игри: „Бевме подобри во сè, но резултатот беше под влијание на надворешни фактори. Јасно е дека притисокот кој Аргентинците го извршија врз судијата пред мечот успеа. Тие постојано приговараа, ја споменуваа Франција, и очигледно тој притисок го донесе овој исход“. На листата за казни сигурно ќе се најде и швајцарскиот дефанзивец Мануел Аканџи, кој исто така експлодираше по четвртфиналниот пораз од „гаучосите“. Тој директно го нападна португалскиот судија Жоао Пињеиро. Од другата страна на ждребот, ниту англискиот селектор Томас Тухел не го поштеди австралискиот судија Алиреза Фагани по победата над Мексико и црвениот картон за Џарел Кванса. На сите овие обвинувања, особено на оние дека судиите ја фаворизираат Аргентина, одговори шефот на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti