ФИФА ќе продава шампионски прстени до 150.000 долари – навивачите ќе можат да купат дел од историјата

ФИФА првпат во историјата ќе им додели шампионски прстени на победниците на Светското првенство, а истовремено ќе ги понуди и на навивачите како ексклузивен колекционерски производ. Освен традиционалните златни медали, фудбалерите на победничката репрезентација од финалето меѓу Шпанија и Аргентина ќе добијат и прстени по примерот на американските професионални спортови. Таквата практика со децении е дел од НФЛ, НБА, МЛБ и НХЛ, но досега никогаш не била применета на Светско првенство. Според проценките, доколку вредноста биде слична на шампионските прстени во НБА, нивната цена може да се движи од 10.000 до 150.000 американски долари. Прстените ќе бидат изработени од злато и украсени со скапоцени камења, а секој ќе биде персонализиран според идентитетот на новиот светски шампион. Од едната страна ќе се наоѓа трофејот на Светското првенство, а од другата ќе бидат изгравирани детали поврзани со победничката репрезентација. ФИФА ќе изработи вкупно 2.026 нумерирани прстени, симболично според годината на Мундијалот. Од нив, 30 прстени ќе бидат доделени на членовите на шампионската репрезентација, додека 1.996 примероци ќе бидат пуштени во продажба како официјално лиценциран производ за навивачите ширум светот. „За првпат во историјата на натпреварувањата на ФИФА, победниците ќе добијат специјално изработени шампионски прстени, со што една од најпрепознатливите американски спортски традиции…
Povezane vijesti

Molina udario Rodrija, Španci mu poručili: Ne vraćaj se u zemlju gdje zarađuješ hljeb

Панчев: Шпанија беше доминантна, фудбалот се менува – ерата на големите поединци завршува
