ФИФА ја казни Шпанија поради исламофобија

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја казни Шпанската фудбалска федерација со 20.000 долари и делумно затворање на стадионот за следниот пријателски натпревар, откако навивачите скандираа исламофобични слогани во два наврати за време на натпреварот против Египет во март оваа година. Санкциите се однесуваат на инцидентите за време на подготвителниот натпревар за Светското првенство одигран на стадионот на Еспањол, што заврши без голови. Шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал, кој е муслиман, ги осуди скандирањата, нарекувајќи ги потценувачки и неприфатливи, а одговорните ги нарече „неуки и расисти“. Шпанската полиција веќе следниот ден започна истрага против инволвираните, додека ФИФА подоцна отвори дисциплинска постапка против Шпанската фудбалска федерација.


