klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

ФФМ: Системски напредок во развојот на службените лица

ФФМ: Системски напредок во развојот на службените лица
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·23. 08. 2026. 14:16:31

Кога се оценува работата на еден систем, најважно е да се гледа што е променето во начинот на неговото функционирање, какви услови се создадени и какви резултати произведува. Особено во фудбалот, каде една одлука или еден натпревар не можат да бидат единствена мерка за квалитетот на целиот систем. Во последните неполни две години, Фудбалската федерација на Македонија направи значајни промени во сегментот на службените лица, со јасна цел, воспоставување повисоки стандарди, појасни критериуми, поголема конкуренција, подобри услови за работа, едукација и објективно следење на перформансите. Процесот ги опфаќа судиите, асистентите судии, делегатите, контролорите на судењето, фитнес-секторот и едукаторите. Целта е создавање систем во кој напредокот е директно поврзан со квалитетот, знаењето, физичката подготвеност и континуитетот во работата. Технологијата и индивидуален пристап Во тој процес, технологијата е важен инструмент. Во ФФМ е имплементиран современ VAR центар, воведена е нова опрема и комуникациски системи, а со Garmin опремата се овозможува континуирано следење на тренингот и физичкото оптоварување на судиите. Следниот чекор е воведувањето на VALD Performance системот, со кој физичката подготовка се подигнува на уште повисоко ниво. Наместо фокусот да биде само на исполнување на нормативите на фитнес-тестовите, се овозможува индивидуално профилирање преку мерење на сила, експлозивност, невромускулни способности и евентуални асиметрии…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti