ФФМ: Одлуките на судијата се одлични, ги повикуваме од Шкендија А. да дојдат во ВАР центарот да им ги објасниме

Фудбалската федерација на Македонија излезе со соопштение по повод случувањата на вчерашниот меч меѓу Шкендија Арачиново и Арсими кој се играше на стадионот во Чаир како дел од 4. коло од новата сезона во ПМФЛ. Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на ФФМ. “На натпреварот од четвртото коло на Првата МФЛ, одигран на стадионот во Чаир помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Аресими, беа забележани две клучни и особено предизвикувачки ситуации за судиска проценка. Во двата случаи главниот судија донесе целосно исправни одлуки, кои по извршените проверки согласно ВАР протоколот и утврдената линија за интервенција, правилно беа потврдени и од ВАР судиите. Во 43. минута од натпреварот, напаѓачот на домашната екипа со број 30, при продор во казнениот простор на гостинската екипа, се наоѓа свртен со грб кон противничкиот гол и без целосна контрола над топката. Свесен за присуството на одбранбениот играч со број 16, напаѓачот го користи минималниот контакт, го преувеличува неговото влијание и се обидува да изнуди казнен удар. Главниот судија се наоѓа во непосредна близина, има јасен агол на гледање и целосна контрола над ситуацијата, поради што правилно проценува дека контактот не претставува прекршок за казнен удар и дозволува играта да продолжи. По извршената…
