ФФМ: Лица од Арачиново им се заканувале на судиите и влегле во соблекувалните!

На денешниот натпревар од 10. коло од Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Струга Трим Лум се случи клучна ситуација за ВАР интервенција во 24. минута од натпреварот, за која со соопштение излезе Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Имено, напаѓачот со бр. 9 од екипата на ФК Струга Трим Лум е недозволено и неспортски, под прекршок со влечење и задржување е спречен да продолжи со акцијата кога топката е додадена од негов соиграч во ситуација кога истиот е во очигледна шанса непречено да постигне гол. Доколку напаѓачот не е под очигледен прекршок би стигнал прв до топката и би стекнал јасна предност пред одбранбениот играч со бр. 3 на домашната екипа, кој веќе нема можност да игра со топката, задоцнува во одбраната, па со прекршок со двете раце го влече и задржува противничкиот напаѓач со што го спречува во очигледна шанса за постигнување погодок. Главниот судија и покрај очигледниот прекршок, првично не реагира и дозволува играта да продолжи. ВАР судиите правилно го отвораат ВАР Протоколот и влегуваат во проверка на оваа ситуација, по што правилно интервенираат и препорачуваат преглед на снимка на терен (OFR) за можен прекршок за казнен удар и дисциплинска мерка директен црвен картон…
Povezane vijesti

Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната на судиите против Струга, велат од ФФМ

ФФМ: Поведена дисциплинска постапка против Башкими, Муарем Муарем и Дурим Хида
