klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Фернандеш: Менаџерот и стручниот штаб треба да дадат одговор на тоа, а не јас

Фернандеш: Менаџерот и стручниот штаб треба да дадат одговор на тоа, а не јас
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·22. 10. 2026. 06:09:07

Тимот на Манчестер Јунајтед се посрамоти на гостувањето кај дебитантот во Лигата на шампиони Комо и загуби со убедливи 4:1, а за бламажата да биде уште поголема, капитенот на Манчестер Јунајтед испрати „отровни стрели“ кон својот менаџер. Португалецот јавно ја доведе во прашање стратегијата на Карик и неговите помошници, нагласувајќи дека тимот бил премногу пасивен на теренот, особено во пресинг играта. Бруно смета дека одлуката да се избегнува цврст и висок пресинг „човек на човек“ брутално им се одбил од глава, бидејќи на тој начин му дозволиле на Комо да има многу простор во средниот ред и да прави што сака со топката. - Одлуката на стручниот штаб беше да не се врши пресинг „човек на човек“, се со цел да не оставаме простор зад својот грб. Но, кога оставате многу простор и препуштате посед на вакви тимови, тие само добиваат самодоверба, – изјави Фернандеш, кој беше директно запрашан дали оваа критика се однесува за погрешната таткика на Карик. – Менаџерот и стручниот штаб треба да дадат одговор на тоа, а не јас. Понекогаш треба да сте похрабри кога играте под притисок, треба да преземете повеќе ризици со играње на висок пресинг. Сметам дека така ги ставате противниците во понепријатна…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti