Ферати се сретна со шефицата на Канцеларијата на ОН во Белград, во фокус евроатлантската интеграција

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати остварил средба со Доминика Кроис, шефица на Канцеларијата на Организацијата на Обединетите нации во Белград, на која се разговарало за актуелните случувања во земјава, интегративните процеси и значењето на меѓународната соработка во насока на унапредување на евроатлантската агенда на земјата. За време на средбата, како што соопшти Министерството за односи меѓу заедниците, била истакната посветеноста на зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, почитувањето на човековите права и промовирањето на заедничките европски вредности, како важни столбови за стабилноста и одржливиот развој на земјата. Министерот ја истакнал важноста на соработката со Организацијата на Обединетите нации и меѓународните партнери во поддршка на реформите и напредокот на нашата држава кон евроатлантската интеграција. Во таа насока, била реафирмирана потребата од континуиран дијалог, институционално партнерство и заедничка координација во справувањето со регионалните предизвици, зајакнувањето на мирот и безбедноста, како и во градењето поодржлива, поинклузивна и попросперитетна иднина за граѓаните.
Povezane vijesti

Еди Рама не планира да поднесе оставка – вели дека секој што има вмешаност во хаосот ќе сноси последици

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор
