klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Ферати оствари средба амбасадорот на Република Турција

Ферати оствари средба амбасадорот на Република Турција
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·07. 08. 2026. 18:19:13

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Турција во Скопје, Фатих Улусој, на која разговараа за унапредување на соработката меѓу двете земји и за прашања од заеднички интерес. За време на средбата беше истакната подготвеноста за натамошно зајакнување на пријателските односи и институционалната соработка меѓу двете држави, со посебен акцент на областите на образованието, воспитно-образовниот процес и правичната и соодветна застапеност на турската заедница во земјата. Министерот Ферати ја нагласи важноста од еднаков третман на сите етнички заедници и обезбедувањето еднакви можности во сите сфери на општествениот живот, вклучително и развојот на инфраструктурата. Соговорниците ја истакнаа важноста од продлабочување на соработката и со невладините организации и турските институции кои дејствуваат во земјата, вклучувајќи ја Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), како и други организации, меѓу кои и МАТУСИТЕБ, со цел реализација на проекти што придонесуваат за развојот и благосостојбата на граѓаните. Министерот Ферати и амбасадорот Улусој ја изразија својата подготвеност за натамошно унапредување на партнерството меѓу двете земји.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti