klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Феран Торес ја напушта Барселона

Феран Торес ја напушта Барселона
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·02. 08. 2026. 07:29:18

Феран Торес заминува од Барселона и би можел да направи голем трансфер во Пари Сен Жермен. Според информациите од Шпанија, 26-годишниот напаѓач веќе ја информирал управата на каталонскиот клуб дека сака да ја продолжи кариерата во Париз, а својата одлука наводно им ја соопштил и на соиграчите и на стручниот штаб. Шпанскиот репрезентативец зад себе има сезона од соништата. Торес постигна 21 гол во дресот на Барселона, а неговата вредност дополнително порасна по одличните настапи на СП, каде беше еден од најважните фудбалери во составот на Шпанија. Шпанските медиуми наведуваат дека напаѓачот подолго време чувствува дека не е меѓу приоритетите на тренерот Ханси Флик.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti