klik.world
Tehnologija Sjeverna Makedonija

ФБИ и честиташе на македонската полиција: Прва операција во областа на сајбер-криминалот со нашите партнери

ФБИ и честиташе на македонската полиција: Прва операција во областа на сајбер-криминалот со нашите партнери
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·15. 10. 2026. 06:26:38

Федералното истражно биро на САД упати официјална јавна благодарност до своите партнери од Одделот за сајбер криминал при Бирото за јавна безбедност на МВР на Македонија, по повод успешното апсење на администраторот на илегалниот сајбер-маркетплејс „OLVX“. -ФБИ им честита на своите партнери од Единицата за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија за успешното апсење на администраторот на криминалниот пазар „OLVX“. Се тврди дека преку „OLVX“, кој бил активен во периодот од 2023 до 2025 година, незаконски се продавале лични податоци на жртвите, како и податоци за најава на кориснички сметки, преку повеќе од 1.500 продавачки профили, се наведува во објавата. Од ФБИ истакнуваат дека постоењето на овој пазар директно ја загрози дигиталната безбедност на илјадници американски граѓани, кои се потпираат на интегритетот на сметките што ги користат. -Оваа акција претставува прва операција во областа на сајбер-криминалот координирана помеѓу ФБИ и Северна Македонија и ја одразува посветеноста на ФБИ за соработка со партнери ширум светот, со цел заштита на американскиот народ во сајбер-просторот, посочуваат од ФБИ. МВР вчера објави дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика до ОЈО Тетово поднесе кривична пријава против Е.А. (20) од Голема Речица, тетовско, поради постоење…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti