klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Фарски Острови прв противник на нашите кадети во втората фаза

Фарски Острови прв противник на нашите кадети во втората фаза
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·05. 08. 2026. 14:36:37

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација продолжува со настапите на ЕП во Белград, откако избори место во разигрувањето за пласман од 9. до 16 место. Следниот предизвик за македонските ракометари ќе биде селекцијата на Фарските Острови. Натпреварот е закажан за во четврток од 12:00 часот, а победникот ќе продолжи во борбата за деветтото место, каде ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Шведска. Во оваа фаза од натпреварувањето ќе се одиграат и натпреварите Србија – Австрија и Полска – Израел, по кои ќе биде познат конечниот распоред за завршницата на шампионатот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti