klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Фабрегас: Пред три години беше незамисливо Комо да игра против Манчестер јунајтед

Фабрегас: Пред три години беше незамисливо Комо да игра против Манчестер јунајтед
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·21. 10. 2026. 04:49:45

Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, го опиша како остварување на сонот претстојниот дуел со Манчестер јунајтед во третото коло од лигашката фаза на Лигата на шампионите. „Манчестер јунајтед е голем тим. Пред само три години, кога игравме во Серија Б, беше незамисливо да дојде на нашиот стадион. Сега тоа ќе се случи во среда и за нас е остварување на сонот. Ќе се обидеме да ја искористиме шансата што ја имаме“, изјави Фабрегас. „Подготовката за вакви големи дуели е важна, но никогаш не смееме да заборавиме дека Серија А е најважна за нас“, порача тренерот на Комо. Клубот од Италија за првпат во својата историја настапува во европските натпреварувања во сезоната 2026/27. Комо имаше одличен почеток во Лигата на шампионите, совладувајќи го Лајпциг со убедливи 4-1 на домашен терен во првото коло, но во второто загуби од Феенорд со 2-3.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti