klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Европската комисија предлага построги правила за влез во ЕУ на украински мажи на воена возраст

Европската комисија предлага построги правила за влез во ЕУ на украински мажи на воена возраст
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·26. 06. 2026. 11:55:20

Европската комисија предложи заострување на правилата за влез во Европската Унија на украински државјани на воена возраст кои ја напуштаат земјата без дозвола за излез. - Нашиот предлог предвидува привремената заштита да не им се доделува на новопристигнатите лица на кои, според украинското законодавство, не им е дозволено да ја напуштат Украина поради воените обврски - изјави денеска еврокомесарот за миграција Магнус Брунер. Тој рече дека ова е барање на Украина и дека предлогот ги зема предвид променетите одбранбени потреби на земјата. Украинските бегалци во моментов се опфатени со Директивата за привремена заштита, која им овозможува престој во ЕУ без поединечна постапка за азил. Според Европската комисија, во ЕУ моментно престојуваат 4,4 милиони Украинци, од кои околу 26 проценти се возрасни мажи. Предлогот следува по состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите членки на почетокот на јуни, на кој Германија и други држави се изјаснија за построги услови за прием на украински мажи на воена возраст. Според извори на ДПА, идејата мажите на возраст од 23 до 60 години да бидат исклучени од режимот на привремена заштита добила широка поддршка. Предлогот истовремено предвидува продолжување на важноста на поедноставените правила за престој за сите други украински државјани за уште една…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti