klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Европа плаќа се поскап гас

Европа плаќа се поскап гас
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·23. 07. 2026. 12:50:09

Цените на гасот во Европа денеска го достигнаа највисокото ниво за 3,5 години, во екот на летната сезона на полнење на складиштата во ЕУ за претстојната зимска сезона на греење и ескалацијата на конфликтот на Блиски Исток. На берзата во Холандија (ТТФ) мегават-час гас за испорака во август кратко време се тргуваше за 63,94 евра, што е за 2,2 отсто повеќе од вчера. Околу пладне цената се стабилизира на 62,09 евра што е највисоко ниво од јануари 2023 година. Агенцијата на ЕУ за соработка на регулаторите за енергија (АЦЕР) претходно соопшти дека темпото на полнење на складиштата за гас во ЕУ годинава е под десетгодишниот европски просек. ЕУ околу една третина од потребите за природен гас ги набавува од Норвешка. Снабдувањето со природен гас од Катар е блокирано поради војната меѓу САД и Иран и блокадата на Ормуска Теснина. Во меѓувреме, ЕУ го суспендираше увозот на руски гас преку гасоводите и планира да ги запре испораките на течен природен гас.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti