Евролигата се заканува со суспензија на Асвел

Финансиските проблеми на Асвел продолжуваат и францускиот клуб сега се соочува со обврска да плати околу 1,2 милиони евра за кршење на правилата на Евролигата за финансиска стабилност и фер-плеј. Според правилата на системот за финансиска контрола на Евролигата, Асвел потрошил помалку за плати на играчите во текот на сезоната 2025/26 од минимумот дозволен според правилата за конкурентска рамнотежа. Доколку Асвел не го подмири долгот, може да остане без можност да регистрира играчи и тренери за сезоната 2026/27 во Евролигата додека не ги исполни своите финансиски обврски. Овој проблем дополнително го комплицира и онака хаотичното лето на францускиот клуб. Асвел претходно мораше да го ревидира буџетот откако објави неколку солидни засилувања, а потоа остана без Силвејн Франсиско, кој во меѓувреме се пресели во Панатинаикос. Претседателот на клубот, Тони Паркер, претходно призна дека, поради променетата финансиска состојба, Асвел ќе мора да донесе тешки одлуки кога станува збор за составот на тимот.