klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Евролига преглед: Реал броеше до 111, победа на Фенер и Дубаи

Евролига преглед: Реал броеше до 111, победа на Фенер и Дубаи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·16. 10. 2026. 04:38:46

Четврточната програма од втората двојна недела во Евролигата донесе извонредна кошарка на четири терени. Додека Реал Мадрид приреди офанзивна рапсодија со преку 110 постигнати поени, Фенербахче со историски дефанзивен рекорд го скрши Партизан, Дубаи продолжи да пишува бајка со перфектен биланс, а Макаби славеше во драматична завршница во Шпанија. Фенербахче успеа да направи целосен пресврт против Партизан и да слави со 74-65, нанесувајќи им го третиот последователен пораз на белграѓани. Шевон Шилдс беше прво име кај победниците со 17 поени и осум скока, а Тејлен Хортон-Такер додаде 14 поени и шест скока за скор 5-1 на Фенербахче. Кај Партизан (кој сега има биланс 3-3), Итан Томпсон запиша 13 поени, но слабите проценти на шут (17/46 за два, 6/20 за три и 13/24 од линијата за слободни фрлања) беа пресудни за поразот. Кошаркарите на Макаби Тел Авив стигнаа до огромна победа на тешкото гостување во Шпанија, совладувајќи ја Валенсија со 88-91 во натпревар со исклучителен ритам. Екипата на Дубаи ја заокружи совршената двојна недела во Евролигата. По победата над Басконија во вторникот, дебитантот славеше и во „Медиоланум Форумот“ против Олимпија Милано со 97-101, пробивајќи ја границата од 100 поени за првпат сезонава. Реал Мадрид приреди вистинска кошаркарска лекција во својата „Мовистар…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti