klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Евроамбасадорот Михалис Рокас во посета на Кичево

Евроамбасадорот Михалис Рокас во посета на Кичево
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·10. 07. 2026. 06:31:35

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ја посети општина Кичево, во рамки на иницијативата за информирање на јавноста со цел приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата ќе почне со средби меѓу амбасадорот Рокас, градоначалникот Александар Јовановски и членовите на Советот на општината. -Дискусиите ќе се фокусираат на придобивките од пристапувањето во ЕУ, како и на видливото влијание на финансиската поддршка на ЕУ врз секојдневниот живот на луѓето во овој регион, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје. За време на посетата амбасадорот Рокас ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество и ќе учествува во отворена дискусија со граѓаните на Кичево.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti