klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ЕВН со апел до граѓаните по невремето

ЕВН со апел до граѓаните по невремето
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·23. 07. 2026. 11:21:27

ЕВН упатува апел до граѓаните да не се приближуваат до паднатите проводници од невремето! -Последиците од невремето врз електродистрибутивната мрежа сè уште се видливи на терен. Евидентирани се повеќе паднати и скинати проводници, предизвикани од паднати гранки, делови од кровови и фасади, како и од силниот ветер. Иако дел од нив во моментов не се под напон, по повторното воспоставување на напојувањето можат да станат опасни. Ги повикуваме граѓаните да не се приближуваат и да не ги допираат паднатите проводници, туку веднаш да ги пријават до надлежните служби, велат од Електродистрибуција. Се посочува граѓаните да бидат внимателни додека траат активностите за санирање на штетите и следете ги упатствата на надлежните служби.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti