Еве зошто некои луѓе се „магнет“ за комарци, а други речиси никогаш не ги касаат!

Еве зошто некои луѓе се „магнет“ за комарци, а некои не ги напаѓаат речиси никогаш! Според ново истражување, спроведено во Мајами, Флорида, САД, научниците дошле до заклучок дека комарците не ги избираат своите жртви случајно. Имено, природните супстанции што се наоѓаат на кожата на некои луѓе ги прават многу попривлечни за овие инсекти, што објаснува зошто некои луѓе имаат десетици каснувања кога се надвор, додека други речиси и да немаат ниеден белег. Комарците не се само здодевни летни напасници - тие пренесуваат болести како што се маларија, денга и западнонилската треска, коишто секоја година одземаат повеќе од милион животи низ целиот свет. Затоа научниците се обидуваат да откријат: Што ги прави некои луѓе попривлечни за овие инсекти? Во експериментот учествувале 119 доброволци од Мајами, кои ги ставиле рацете во олфактометар - долга цевка на којашто на другиот крај од која биле пуштени три вида комарци: „Едес египти (Aedes aegypti, тигрестиот)“, „Едес албопиктус (Aedes albopictus)“ и „Кулекс квинквефасцијатус (Culex quinquefasciatus)“. Од наведените, првиот вид - тигрестиот комарец ги пренесува денга-треската, вирусот Зика и жолтата треска. Азискиот тигрест комарец (Едес албопиктус), што исто така, е широко распространет на Балканот, е носител на неколку опасни вируси, додека третиот вид може да го пренесе…
Povezane vijesti

Николоски: Пругата Велес – Битола ќе се реконструира, надгради и електрифицира, ќе се набават и 9 патнички возови и 5 електрични локомотиви

За одбрана на Хашим Тачи пред Апелација во Хаг се спремни 100 милиони евра!
