klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Еве колку се чека на граничните премини по завршувањето на штрајкот на грчките цариници

Еве колку се чека на граничните премини по завршувањето на штрајкот на грчките цариници
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·27. 07. 2026. 14:22:27

Со 15 минутно чекање за влез од македонска страна, и 30 минути застој за влез во соседна Грција продолжува да се одвива сообраќајот на граничниот премин во Дојран, по завршувањето на денешниот најавен штрајк на грчките цариници, соопштија од ГП „Дојран“. Оттаму велат дека штрајкот во најавениот период од пет до девет часот наутро, по македонско време, не создал проблеми во сообраќајот, бидејќи граѓаните кои биле навремено информирани, го одложиле патувањето. Истовремено, и од МВР соопштуваат дека нема поголем застој на трите гранични премини со Грција, на кои за утрото беше најавен штрајк на грчките цариници, а бројот за влез и излез на патници се движи во нормални граници. -Немавме зголемена фреквенција на сообраќај во спомнатиот период од пет до девет часот. Очигледно граѓаните беа информирани, па почнаа да доаѓаат по девет часот. Во тој период возила периодично се пропуштаа од грчка страна, информираа за МИА од ГП „Дојран“. Според информациите од МВР, на истиот граничен премин од вчера до денес напладне влез во државата оствариле 1523 македонски државјани, а излез оствариле 210 македонски државјани. Бројот на странски државјани кои во истиот период влегле во нашата држава изнесува 1386, а излез оствариле 1824 лица. -На граничниот премин „Богородица“ во Гевгелија…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti