klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Еве каква е состојбата во другите градови по силното невреме кое ја зафати Македонија

Еве каква е состојбата во другите градови по силното невреме кое ја зафати Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·01. 07. 2026. 17:08:16

Центарот за управување со кризи информира за состојбата во земјава по невремето и обилните врнежи од дожд. Поради невремето и обилните врнежи од дожд што во текот на денот зафатија повеќе делови од државата, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени голем број пријави за поплави, паднати дрвја, оштетена инфраструктура и други последици. Надлежните институции се на терен и работат на санирање на состојбата. Скопски регион Од невремето кое во попладневните часови го зафати Скопје и околината, преку 112 се примени повеќе пријави за поплави и други последици: Поплавени се два подвозника со заглавени возила – пред кружниот тек во Бутел и на бул. „Србија“ во Општина Кисела Вода. Поплавени се три кружни текови – кај Ист Гејт (Општина Гази Баба), кај Мото Центар и Цементара (Општина Кисела Вода) и кај Железара (Општина Гази Баба). Поплавена е улицата „Јордан Мијалков“ позади Дајмонд Мол, како и повеќе други улици низ градот. Пријавени се поплавени куќи, подрумски простории и гаражи во населбите Кисела Вода, Автокоманда и Чаир. Пријавени се поплавен магацин на Веро во Чаир и магацин на приватна фирма во Кисела Вода. Поплавени се паркинзи и сервисни улици во населбите Расадник (Кисела Вода) и Аеродром. Во просториите на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti